Прецизното око на Јусуф во комбинација со неговата смиреност и трпеливост создава уметност во косата

Приказната за Јусуф ја започнуваме од Штип, за време на обука за фундаментални права, каде што го запознаваме како учесник. Се претставува како повратник од Германија, кој во текот на две години учел берберски занает и по враќањето е заинтересиран да продолжи да учи за фризер.

DSC_0206-800x600

Со оглед на можноста што се нуди преку проектот „Социјална инклузија на Роми повратници и жители во Македонија“ НРЦ во февруари 2017 година го вклучува во почетната обука за фризери што се реализира во соработка со Фризерско студио „Контеса“ во Штип. На обуката Јусуф полека почнува да ги покажува неговите вештини, за да после 2 недели добие понуда да доаѓа секојдневно во салонот и интензивно да го учи занаетот. Сега работи машки фризури, средува бради и депилира машки со конец, техника која потекнува од Турците, а ја научил во Германија.

DSC_0164-800x600

За НРЦ понудата што ја добива Јусуф звучи интересно, па одлучивме да го посетиме во салонот каде што го „пече“ занаетот и да го запознаеме подобро.

19-годишниот Јусуф живее во Штип, во населбата Сењак, заедно со татко му. Има брат и сестра кои живеат во Германија со нивните семејства, мајка му починала. Завршил основно образование, и во втора година средно текстилно заедно со мајка му и татко му заминале во Германија. Во училиште како што вели и самиот повеќе сакал да црта отколку да учи. Црта профили со молив уште од многу мал.

Во Германија првин одел на часови по германски јазик, а во меѓувреме разбрал дека внукот, синот на сестра му учел за бербер и условите за работа биле добри. Јусуф решил да се обиде во занаетот и кога се пријавил да учи, мајсторот го забележал неговото „уметничко око“ и му кажал дека има потенцијал за работа. Година ипол учел занает во фризерскиот салон Уникат, потоа уште 3 месеци во друг салон. Во меѓувреме во Германија починала мајка му и на почетокот на 2017 година се враќа во Македонија.

DSC_0210-800x600

Самиот за себе мисли дека е подготвен да работи многу за да успее. За еден месец колку што учи во „Контеса“ стекнал многу муштерии кои се задоволни од работата. Јусуф сака да има свој салон, своја кариера, да си живее од тоа. Салонот ќе се вика Cut it.

„Само сè со ред“, на крајот заклучува Јусуф, „за сè треба да си има ред“.

3-800x600 4-800x600

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*