Плаформата MIRO VOTO MIRO BARIPE составена од Ромски Здруженија

Во текот на денешниот ден до 18:00 часот од сите 6 изборни единици во Република Македонија со акцент кон излезеноста на гласањето на Ромската популација ви ги презентираме следните наши забелешки регистрирани од страна на домашните набљудувачи на платформата “Мојот глас – моја одговорност“:

На овие избори Ромите имаа поголема слобода во однос на давањето на својот глас споредено со претходните избори. Иако постоеше извесен континуиран притисок кон Ромската популација во ромските населби со ветувања, обиди за поткувања со материјални добра на нивната гласачка воља, заплашувања со отпуштање од работни места, укинување на користењето на социјалните бенефиции, и физички закани, сепак Ромите во задоволителен процент излегоа на галсачките места ширум изборните места во Македонија.

Од вкупниот број гласачи од ромскиот електорат, добиена е проценка од 48% излезеност во остварување на своето гласачко право.

Регистриравме и забележителен процент на гласачи од Ромската популација кои излегоа да го остварат своето право на глас но не можеа да гласаат бидејќи беа избришани од избирачкиот список, и покрај фактот дека на сите претходни избори беа на избирачките списоци и го остваруваа своето право на глас.

Инциденти од поголем обем регистриравме на изборните места во Кочани каде забележавме обезбеден групен превоз на гласачите и обид за сликање на гласачко ливче со даден глас како доказ за извршено гласање за дадена опција. Слични ситуации регистриравме во општина Гази Баба, во Прилеп, Куманово, Бутел и Шуто Оризари. Во изборните единици во Гостивар и Тетово забележано е дека на некои од гласачките места поради малиот простор набљудувачите беа буквално сместени позади параваните при што можеа да видат гласачите за кого го даваат својот глас. Понатаму имаше и случаи на гласачи кои не беа проверувани со ултравиолетова светлина а им беше обозможено да гласаат.

Генерално во споредба со претходните избори, овие избори може да констатираме дека поминаа во посмирена атмосфера и со помал обем на инциденти.
За сите настанати поголеми инциденти во времето на изборниот молк, дополнително ќе доставиме информации во наредните денови.

Одговорно лице за понатамошно контактирање и натамошни средби:
Ашмет Елезовски
Тел: 031/427-558
076/258-595
e-mail: [email protected] , [email protected]
www.nationalromacentrum.org

Организации кои се вклучени во платформата: Иницијатива за социјална промена „ИНСОК“ – Скопје, Самет Скендери, Здружение за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ – Скопје, Нешат Аземовски, Хуманитарно добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар, Мухамед Точи, НВО„КХАМ“ – Делчево, Зекир Абдлулов и Национален ромски центар – Куманово, Ашмет Елезовски

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*