7 април, 2017година, Göttingen

Светски ден на Ромите (8 Април)- владите во Европа мораат да се однесуваат кон Ромите со еднакви права – да се стави крај на систематската дискриминација и да се избориме против причините за бегство!

По повод Светски ден на Ромите (8 Април), нашите организации од Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Здружение за Загрозени Лица (STP) сакаме да поднесеме жалба до Германија и владите од Западна Европа за да конечно ги признаат Ромите како луѓе со еднакви права-и да донесат одлука против насекаде-присутниот расизам. Ова е единствен начин ефективно да се избориме против причините за бегство и мигрирање на Ромите.

Историјата и културата на Ромите е дел од Европската историја и култура веќе стотина години. Поради ова не само што очекуваме дијалог со Ромите на високо ниво, туку и ефективни мерки против сеприсутниот анти-циганизам на Западен Балкан, кој што е главна причина за бегство и миграција. Мора да се бара од владите на Јужно-Западна Европа и активно да се охрабруваат да стават крај на структуралната дискриминација против Ромите и да им се даде соодветно вдомување, вработување, образование и лекарка грижа.

Повеќето од Ромите коишто живеат на Западен Балкан се неписмени, и поради ова не се со состојба да најдат постојана работа-затоа мораат да живеат од привремена работа, просење, и собирање на храна од контејнери. Бараките во коишто живеат најчесто немаат вода и струја , и повеќето од нив се наоѓаат во запустените делови од градот. Условите за хигиена најчесто се катастрофални. Ромските деца многу често немаат извод и државјанство, и поради ова се изложени на ризик од малтретирање или да станат мета на трговија со луѓе. Во 1990-те години Ромите во Босна и Херцеговина и Косово станаа жртви на најопасното нарушување на човекови права. Во Уставот на Босна, Ромите не се признаени како индивидуална етничка група.

Ромските семејства коишто живееле 1 година во Германија или други западно европски земји, ќе бидат депортирани во земјите од Западен Балкан! Поради ужасните услови таму, повеќето од нив ќе мораат повторно да побегнат за да преживеат. Така да многу Роми се принудени да живеат во овој круг на постојана миграција и нелегалност.

За ромските организации од западен Балкан

EmilianoAliu, извршен директор, Roma Versitas, Тирана/Албанија

BajroBeganović, Претседавач на ромската организација “Našabudućnost” Сараево/Босна и Херцеговина

BashkimIbishi, Извршен Директор, Advancing Together Приштина/Косово

ZoranDimov, претседател, Internacional Romani Union-IRU, Скопје/Македонија

Ašmet   Elezovski, Nacional Roma Centrum, Куманово /Македонија

SenadSeldović, претседавач, NGO “Romskovrijeme”, Подгорица/Црна Гора

Vladimir Petrović, генерален секретар, Braničevo District Roma Association, Пожаревац/Србија
За здружение на загрозени луѓе (GfbV-D)

Ulrich Delius, директор

Светскиот ден на Ромите се одржува на 8-ми април затоа што првиот Конгрес на Ромите се одржал во Лондон на овој ден во 1971, со ромски претставници од 25 земји. Во 1981, Здружение на Загрозени Луѓе го организира Третиот Светски Конгрес на Ромите во Göttingen

 

 

 

Microsoft Word - APPELL 8. April 2017 1.doc Microsoft Word - APPELL 8. April 2017 1.doc

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*