БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

(за печатење на извештај)

25.07.2019

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:  

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги  Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште  на  ул. Доне Божинов бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за печатење на извештај.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Поддршка за жените Ромки, жртви на семејно насилство“ со поддршка од UN Women и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на понуди.

1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски и интерес за квалитет на барателот.

  1. Предмет на набавка:

2.1. Печатење на извештај со следните карактеристики:

  • Број на страници за печатење: 56 со вклучена корица
  • Формат: 210 x 260 mm
  • Книжен блок 90-120 гр мат кунстдук 4/4 бои
  • Корица 250 гр кунструк 4/0 бои
  • Број на примероци: 70
  • Вид на врзување: топло лепење
  • Прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена
  • Квалитет на понудените услуги
  • Рок на испорака

Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека рокот на испорака носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Бодувањето на  понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.

  1. Облик и содржина на понудата:

4.1. Понудата се изработува во писмен облик.

4.2. Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број, е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.

4.3. Рок и начинот на испорака на  услугите.

4.4. Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари со вклучен ДДВ.

4.5. Рок и начин на плаќање.

4.6. Рок и важност на понудата.

 

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната  адреса [email protected] или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов  бр. 11/5 Куманово, во период од 25.07.2019 до 31.07.2019 година до 16 часот.

Куманово  25.07.2019

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*