Амбасадата на Република Франција ги поддржува активностите во насока на промоција на човековите права, истакна Амбасадорот Тимониер при неговата посета

Францускиот амбасадор Кристијан Тимониер и членови на неговиот тим ја посетија канцеларијата на Национален ромски центар во Куманово, при неговата официјална посета на градот. Од страна на членовите на НРЦ амбасадорот беше информиран за актуелната состојба на ромската заедница и развојот на граѓанското општество.

Неговата Екселенција г-н Кристијан Томоние упати охрабрување до здружението за продолжување на активностите кои ги спроведува во насока на промоција на вредностите на човековите права од политички, економски, социјален и образовен карактер. Тој посочи дека Амбасадата на Република Франција ги поддржува напорите на НРЦ за спроведување на тековните активности.

Извршниот директор, Ашмет Елезовски изјави дека се надева на продолжување на поддршката на Република Франција, со цел за унапредување на положбата на Ромите и граѓанското општество во Македонија.

DSC_0027-800x600-3 DSC_0026-800x600-2 DSC_0023-800x600-1

 

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*