Зајакнување на капацитетите на под-грантистите за финансиско и административно работење.

Во Комплекс Етно-Село Тимчевски, Куманово на 6 и 7 Декември се одржа првата обука за зајакнување на капацитетите на под-грантистите за финансиско и административно работење. На работилницата присуствуваат претставници од здруженија на граѓани добитници на под-грантовите и лицата за мониторинг во рамките на проектот „Подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво”.

Учесниците како претставници од здруженијата на граѓани добитници на под-грантовите имаа можност на обуката да се запознаат со начинот на имплементација на проекти финансирани од Европска Унија, да ги зајакнат своите капацитети за финансиско и административно работење преку примери и вежби и место каде што добија примероци од документација која ќе им биде потребна за правилна и навремена имплементација на проектите. Лицата за мониторинг имаа можност на оваа обука да се запознаат со претставниците од здруженијата на граѓани што ќе ги имплементираат проектите и начинот на мониторирање на под-грантовите.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0349-800x600 DSC_0367-800x600 DSC_0371-800x600 DSC_0407-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*