Идентификување на проблеми и решенија за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво
На 01 и 02 Декември 2016 година во хотел „Але-Дар”, Кочани во одлична работна атмосфера се одржа втората дводневна работилница за меѓу–културно разбирање и права на заедниците. На работилницата присутствуваа локалните здруженија на граѓани, претставници од советот на општина Кочани, како и претставници од локалната администрација.
Целта на оваа работилница беше учесниците да се запознаат со формални и неформални начини на соработка за решавање на локални проблеми на помалите етнички заедници, како и да споделуваат искуства и мислења и да идентификуваат решенија за проблемите со кои реално се соочуваат.
На крајот на работилницата беше заклучено на кои проблеми ќе треба да им се посвети поголемо внимание, како и можните решенија кои ќе придонесат за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.