Националниот ромски центар, банката за храна и Еко живот, деновиве поделија 50-
тина прехранбени пакети за ранливите категории граѓани од Куманово и Кавадарци,
по повд 17-ти Октомври, Меѓународен ден за борба против сиромаштија, соопштија
денеска од НРЦ.

Од здруженијата порачуваат дека во услови на растечки тренд на сиромаштија на
глобално, национално и локално ниво, важно е да се донесат политики кои ќе
придонесат на ублажување на тешката животна состојба. Според нив, поради
пандемијата и сега економско-енергетската криза, можно е да расте бројот на
сиромашни.

-Сиромаштијата е сѐ потешка, од ден на ден се зголемува процентот на сиромаштија
на граѓаните без оглед на националност, пол, религија. Националниот ромски центар
низа години се залагаше за политики кои ќе ја подобрат ситуацијата на
маргинирализираните групи, но за жал после светската глобална пандемија, и
актуелната економска криза и војни, сè се врати на уште потежок животен опстанок.
Повеќето стратегии и анализи кои се презентираа од светски, европски, национални
и локални релевантни претставници од институции, не придонесоа за подобрување
на ситуацијата. Секоја помош е драгоцена, хуманата и човечната димензија е
изгубена, имаме поделба на две класи крајно сиромашна и богата класа. Потребни се
ургентни адаптирани политики според актуелната состојба кои треба да ја ублажат
тешката животна ситуација, изјави извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.
Од банката за храна истакнуваат дека храната е потребна секој ден и сите
институции, граѓани, заеднички водени од хуманоста, човечноста треба да им
помогнат на најранливите.

-Заедно против гладот и фрлањето храна, порачаа од Банката за храна.
Во изминатите четири години, со поддршка на ФООМ за време на светската
пандемија, а и соработка со Банка за храна, Националниот ромски центар беше дел
од процесот за ублажување на сиромаштијата и подобро здравје на национално и
локално ниво.
МИА
https://mia.mk/

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*