Во рамките на проектот „Поддршка на жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале насилство“, што се реализира со поддршка на UN Women, се одржа обука на тема „Како да препознам и да се заштитам од дискриминација“. На обуката на кој присуствуваа 16 учеснички, Катерина Шојиќ, раководител на правна програма и застапување разговараше со жените Ромки за препознавањето на дискриминацијата, механизмите за заштита од дискриминација и што се не се смета за дискриминација.
Целта на проектот е намалување на дискриминацијата и насилството врз жените и девојките Ромки во Македонија. Посебна цел на проектот е обезбедување на пристап и давање услуги за ромските жени и девојки соочени со дискриминација и/или насилството, родова еднаквост, остварување на ефективна комуникација помеѓу граѓанското општество и релевантните институции, како и застапување за навремени, достапни и квалитетни услуги.

Проектот се имплементира во Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп.

                                                DSC_0007  DSC_0013

                                                DSC_0016  DSC_0033

                                                                                     
 DSC_0032

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*