На ден 29.04.2022 година Здружение НРЦ од Куманово преку тимот кој ги спроведува активностите во рамките на проектот „ Здравје-Одговорност на сите“ финансиран од ФООМ оствари средба со населението во ромските населби во Куманово.
На средбата правник од тимот на НРЦ со присутните разговараше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат при користење на здравствените услугии остварување на со закон загарантирани права, како и за начини на нивно решавање. На средбата беа поделени и брошури изработени во рамките на проектот.
Со неколку ромки по претходна нивна согласност разговорот беше снимен со камера за што во рамките на проектот ќе биде изготвено кусо видео кое ќе биде подоцна презентирано на јавноста.