Буверо 6 Македонија – Ромски Медиумски Тренинг Програм

Национален ромски центар – Куманово преку проектот „Поддршка на
жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите
права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале
насилство“, со поддршка на UN Women – тело на ОН за родова
еднаквост и зајакнување на жените, објавуваат конкурс за граѓански тренинг за новинарство со користење на нова иновативна дигитална технологија. Програмата е за ромски девојки на возраст од 15-25 години од Северна Македонија.

Датум на кампот: 08.07-12.07.2019

Место: Етно село, Куманово (Сите трошоци за учесниците се покриени од страна на организаторот)

Што е БУВЕРО? БУВЕРО значи школка на ромски јазик и симболизира добра комуникација, позитивни релации и моќ на жените.

Национален ромски центар – Куманово, објавува конкурс за граѓански тренинг за новинарство со користење на нова иновативна дигитална технологија. Програмата е за ромски девојки на возраст од 15-25 години од Северна Македонија. За време на тренингот ќе научите како да работите на општествени прашања во форма на видео запис. Ќе имате можност да снимите видео за прашања поврзани со еднаквоста на жените, борбата против семејно насилство и женско лидерство. Можете да бидете дел од активностите на ромскиот граѓански сектор, да развиете сопствени креативни мисли и идеи, лични приказни и сето тоа да го евидентирате со сопствен видео запис.

Кога? Тренингот ќе трае 5 дена помеѓу 08 јули (пристигање) и 12 јули (заминување) 2019. Ќе имате можност да учествувате во дискусии и работилници на следниве теми: еднаквост на жената Ромка, лидерство, семејно насилство, креирање приказни, идентитет, основи на фотографија, видео снимање. За време на практичниот дел учесниците во групи од четири члена ќе снимаат и уредуваат свои сопствени видео записи за социјално важно прашање. Најдоброто видео ќе биде објавено на нашите онлајн извори. Каде? Кампот ќе го организираме во Куманово каде што учесниците ќе добијат специјален тренинг.

За кого?

Ако сте љубопитна, млада Ромка (помеѓу 15-25 години) и би сакале да ги дознаете основите на новинарството вклучувајќи фотографија и видео снимање, ве чекаме да аплицирате!

Што очекуваме од вас?

Ако бидете изберени за учесничка на БУВЕРО, сите трошоци ќе бидат покриени од програмата. Од вас се очекува за возврат да учествувате сите 5 дена на тренингот. Ние ќе ви обезбедиме поддршка и упатства за вашите стории. Со сето ова ќе имате можност да покажете на светот за што сте способни.

Што треба да сторите? Ако сакате да бидете на БУВЕРО тренингот:

  1. Пополнете го формуларот со вашите лични информации.
  2. Напишете мотивационо писмо и објасните зошто сакате да учествувате на тренингот. Следниве прашања би можеле да ви дадат некоја идеја за мотивационото писмо:
  • Што сакате да му кажете на светот за тоа како е да се биде Ромка? Зошто вие сте лицето што треба да ја каже оваа сторија?
    • Ако би биле истражувачка и лидер какви стории би сакале да раскажете? Какви лица би интервјуирале во врска со дискриминација, родовата еднаквост, насилство и семејно насилство? Зошто?
    • Какви промени очекувате во иднина на полето на заштита од дискриминација, унапредување на родова еднаквост, превенција на насилство и семејно насилство за девојки и жени Ромки?
  1. Побарајте писмо со препорака од еден од вашите професори или член од ромска или друга граѓанска организација.
  2. Пратете ни ги документите на емаил или по пошта најдоцна до 20 јуни на следнава адреса: НРЦ: „Доне Божинов“ 11/5, 1300 Куманово

Ел. пошта: [email protected]

За дополнителни информации обратете се на тел: 076 280 530

Ќе ве известиме за исходот најдоцна до 24 јуни.

Избраните учесници на БУВЕРО ќе бидат објавени на 25 јуни.

Субјект на вашиот мејл: „Сакам да бидам БУВЕРО девојка!”

 

Апликација

 

Име:

Возраст:

Адреса:

Име на вашето училиште/град:

Од каде разбравте за тренингот:

Број на телефон:

Е-маил адреса:

 

Отворено сум декларирана како Ромка:                                                          да                           не

Дали имате пасош или лична карта:                                                                    да                          не

Дали имате алергиски реакции                                                                             да                          не

Наведете:

Посебни потреби во однос на храната                                                               да                          не

Наведете:

Што очекувате од тренингот?

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*