01.12.2015

 

Почитувани,

 

Здружение Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање понуди за развој на проекти со менторинг“ повикувајќи ги сите квалификувани субјекти, да поднесат понуди:

 

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5.

1.2 Предмет на барањето: прибирање на понуди за развој на проекти со менторинг.

1.З.Национален Ромски Центар (НРЦ) заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса како и преку социјалните мрежи, до сите квалификувани субјекти во Република Македонија заради добивање на соодветни понуди за ангажман опишан подолу во барањето.

 

  1. Пријава

 

Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, во понудените содржини да содржи:

– Понуда за развој на проекти со вклучен менторинг за персоналот на НРЦ со идентификација на повици за проекти, развој на проектни идеи и апликации, советување, менторинг и техничка помош при аплицирање и спроведување за период јануари – декември 2016 година.

 

  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена,
  • Квалитет на понудените стоки и усллуги,
  • Долговремено и потврдено искуство во областа.

Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост.

Бодувањето на понудените цени се определува согласно процентниот сооднос на најниската и највисоката понуда.

 

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.4 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари со вклучен ДДВ.

4.5 Рок и начин на плаќање

 

 

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта на [email protected] или по пошта на адреса ул. Доне Божинов 11/5 најдоцна до 25.12.2015.

 

 

Куманово 01.12.2015    

 

 

 

Финансиски и административен менаџер

 

 

 

     
     

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*