27.10.2016
Почитувани,
Здружение Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање понуди за печатење годишен извештај“ повикувајќи ги сите квалификувани субјекти, да поднесат понуди:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5.
1.2 Предмет на барањето: прибирање на понуди за печатење годишен извештај.
1.З.Национален Ромски Центар (НРЦ) заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса како и преку социјалните мрежи, до сите квалификувани субјекти во Република Македонија заради добивање на соодветни понуди за ангажман опишан подолу во барањето.
- Пријава
Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, во понудените содржини да содржи:
– Понуда за печатење на годишен извештај во формат А4, во колор, број на страни – 40, во тираж 100 примероци на англиски јазик и 100 примероци на македонски јазик.
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена,
- Квалитет на понудените стоки и усллуги,
- Долговремено и потврдено искуство во областа.
Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.
Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост.
Бодувањето на понудените цени се определува согласно процентниот сооднос на најниската и највисоката понуда.
- Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.
4.3 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.
4.4 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари.
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта на [email protected] или по пошта на адреса ул. Доне Божинов 11/5 најдоцна до 05.11.2016.