БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
(за подготовка на дизајн и печатење на промотивни материјали)
21.02.2019
Почитувани,
Здружение Национален ромски центар од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов бр. 11/1, Куманово.
1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за подготовка на дизајн и печатење на промотивни материјали.
1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) во партнерство со Здружение „СИМБИОЗИС 12“ Куманово, со поддршка на Европска Комисија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за Централно финансирање и Склучување на Договори, за потребите на проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории“, НРЦ Куманово го објавува ова барање преку својата интернет страница http://www.nationalromacentrum.org
1.4. Набавката на ова Барање е делива. Изборот ќе се направи согласно критериумите за најповолен понудувач. НРЦ го задржува правото да избере повеќе извршители со оглед дека понудата е делива.
1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управа за јавни приходи без ДДВ до барателот, заради исплата од страна на средства од грант на Министерството за финансии.
- Предмет на набавка
2.1. Подготовка на дизајн и печатење на лифлет со следните карактеристики:
- број на страници за печатење: 2
- формат: А4
- вид на хартија: 200 грамска
- техника на печатење: фул колор, двострано печатење
- број на примероци: 2000
2.2. Подготовка на дизајн и печатење на постер со следните карактеристики:
- димензии: 30*40
- вид на хартија: 200 грамска
- техника на печатење: фул колор, еднострано печатење
- број на примероци: 500
2.3. Подготовка на дизајн и печатење на банер со следните карактеристики:
- димензии: 90 x 200 cm
- Quick банер со основа
- техника на печатење: фул колор
- број на примероци: 1
2.4. Подготовка на дизајн и печатење на пенкала со наслов на проект и логоа со следните карактеристики:
- број на примероци: 2000
прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично и листа на референци
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет на понудените услуги
Цената носи 80 бода, додека квалитетот носи 20 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
- Облик и содржина на понудата:
4.1 Понудата се изработува во писмен облик.
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број, е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.
4.3 Тековна состојба од добавувачот, не постара од една година.
- 4. Карактеристики на понудата.
4.5. Рок и начинот на испорака на услугите.
4.6 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари без вклучен ДДВ.
4.7.Рок и начин на плаќање.
Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов бр. 11/1 Куманово, во период од 22.02.2019 до 02.03.2019 година до 16 часот.
Куманово 21.02.2019