Здружението „Национален Ромски Центар“ од Куманово објавува повик за учесници на тренинг на тема: „Лидерство и човекови права“, за девојки и жени Ромки.
НРЦ од јануари го спроведува проектот насловен како „Унапредување на достапноста до здравствена заштита на жените Ромки“ под мотото „ Моето здравје е мое право “.
Проектот има за цел да се зајакнат девојките и жените Ромки со дискусии за чувствителни теми (табу теми како што е сексуалното и репродуктивното здравје), права и пристап до превентивна и куративна здравствена заштита. Но истовремено да ги повикаме на отчетност и одговорност релевантните институции и креатори на политики кои се однесуваат на жените Ромки во последните две години.
Опис на здружение
НРЦ повеќе од една декада го има искуството и праксата да работи со Ромската заедница, онаа што се уште можеме да го видиме на терен е дека се уште има потреба од зајакнување и подигнување на свеста за основните здравствени права помеѓу жените и девојките Ромки.
Цел на тренингот
Да се мотивираат и изградат вештини кај девојките и жените Ромки да станат идни лидери во Ромската заедница, кои ќе се залагаат да се подобри пристапот до здравствени услуги во ромските заедници во Р.Македонија.
Оваа активност ќе има за цел да мотивираме и да идентификуваме нови генерации кои ќе сакаат да работат во Ромската заедница и со Ромската заедница, во насока на подобрување на пристапот до здравствена заштита на Ромите во Р.Македонија. Посебно внимание на тренинзите ќе се обрне на важноста на пристапот до здравствени права и здравствена заштита, во репродуктивен период и подигнување на свеста за важноста на превенирање на непосакувани здравствени проблеми.
Учесниците треба да ги исполнуваат следните услови:
- да се на воздраст од 18 до 30 години
- да се Ромки
- да има завршено минимум основно образование
- да има афинитети за работа во здружени на граѓани
- да е од Куманово или од Кочани
- да има познавање на основни комјутерски вештини
- да поседува добри комуникациски вештини
2.Пријава за пополнување на секој учесник
- Кратка биографија
- Писмо за интерес за учество на тренингот и работа со Ромската заедница
Пријавите може да се испратат најдоцна до 05.06.2017 година по електронска пошта (e-mail) на следната адреса: