На 26 и 27 јануари во хотел Куманово СПА се одржа дводневна обука за Роми лидери/ки од заедницата од Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп.
Целта на обуката беше да се обучат учесниците и да се стекнат со соодветни знаења и вештини за препознавање на родово базирано и семејно насилство за да делуваат како активни чинители во нивните заедници.
Учесниците имаа можност преку активно вклучување, практични вежби и примери и работа во групи да ги зголемат своите знаења за род и родови улоги, дискриминација, родово базирано насилство и семејно и интимно партнерско насилство.
Обуката беше организирана во рамките на проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”