БАРАЊЕ ЗА ПРИЈАВА НА ЕКСПЕРТ/КА за проценка на нивото на информираност и знаење за родово базирано и семејното насилство во ромските заедници во 5 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп)
Почитувани,
Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите квалификувани физички и правни лица да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
- Општи услови
- Набавувач на услуги ЗГ. Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5, Куманово.
- Предмет на барањето: Прибирање на пријави за експерт/ка
- Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови” и за потребите на проектот НРЦ го објавува ова барање преку својата интернет страница www.nationalromacentrum.org.
Главна цел на проектот е жените, девојчињата, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата.
Проектот се имплементира во 5 општини Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево.
- Понудувачот може да биде секое физичко или правно лице кое ги исполнува условите од ова Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно искуство.
- Понудувачот со поднесување на понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на ангажманот предвиден со Договор кој по избор ќе се склучи со НРЦ.
- Потребно искуство:
- Експертот/ката да поседува диплома за завршено високо образование;
- Минимум 3 годишно документирано работно искуство во подготовка и спроведување на истражувања, анализи, прирачници и други документи;
- Познавање на домашно и меѓународно законодавство и правни инструменти на заштита од родово базирано и семејно насислтво;
- Развиени аналитички и изтражувачки вештини;
- Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
- Дигитална писменост (Zoom, Microsoft Teams, BlueJeans, и други).
- Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет
- Опис на обврски
- Да спроведе проценка за нивото на информираност и знаење за родово базирано и семејното насилство во ромските заедници во 5 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп);
- Времетраење: 30 работни дена во период јануари 2022 – октомври 2022 година;
- Проценката ќе се врши со испитаници, жени, девојки, мажи и момчиња имајќи ја предвид родовата перспектива во оценувањето;
- Евалуација со дистрибуција на прашалници до целната популација, пред и по кампањата за подигнување на свеста, за мерење на информираноста за РБН и семејно насилство во 5 општини;
- Квантитативни податоци од општите и специјализираните служби во 5 општини, како и за бројот на пријавени случаи на насилство врз жените и девојчињата Ромки во 5 општини со најмалку 2.000 жени, девојчиња, мажи и момчиња Роми;
- Предлог методологија и временска рамка за изработка на истражувањето;
- Изработка на драфт верзија на истражувањето доставено до нарачателот на увид и одобрување;
- Изработка на финалнa верзија на истражувањето за нивото на информираност и знаење за родово базирано и семејното насилство во ромските заедници во 5 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп);
- Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
- Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот
- Понуда
Понудувачот треба да достави:
- Диплома од завршен факултет (копија)
- Работна биографија
- Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
- Предлог методологија и временска рамка за изработка на истражувањето;
- Најмалку еден примерок од претходна работа за спроведени слични работни задачи во последните 5 години
- Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
- Понудена бруто цена за ден за извршување на обврските
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Релевантна биографија и искуство – 40 поени
- Предлог методологија– 40 поени
- Предлог понудена цена – 20 поени
Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплата ќе биде на три рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и одобрен time sheet од страна на проектниот тим, втората рата во износ од 30% три месеци по склучување на договорот и одобрен time sheet од страна на проектниот тим и третата рата 40% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот тим.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до четврток 24.12.2021 до 16 часот.
Куманово 14.12.2021