Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“
повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален ромски центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул.
„Доне Божинов“ бр. 11/5.

1.2 Предмет на барањето: прибирање понуди за хотели и ресторани

1.З. Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени
и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и
UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на
норми промена на ставови” и за потребите на проектот НРЦ го објавува ова барање преку својата интернет
страница www.nationalromacentrum.org.

Главна цел на проектот е жените, девојчињата, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво
да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата.

Проектот се имплементира во 5 општини Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива, согласно најдобриот финансиски и квалитативен интерес на
барателот.
Доколку понудувачот во рамки на определените услови и спецификација од страна на барателот, има повеќе
предмети/ствари/услуги кои ги исполнуваат барањата, може да поднесе најмногу три различни понуди.

1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура заради исплатата од
страна на средства од грант на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women.

2. Понуда

2.1 Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, во понудените
содржини да содржи:

  • Понуда за одржување на oбука на 26 и 27 јануари 2022.
  • Понудата да содржи цена за еднокреветно сместување за 17 лица со едно ноќевање со полн пансион, и
    дополнителен ручек.
  • Понудата да содржи дополнително и цена за 6 лица за ручек и вечера на ден 26 јануари и ручек на 27
    јануари (во оваа понуда не се вклучени лицата кои ќе бидат со полн пансион).
  • За времетраење на обуката да биде вклучено вода за учесниците, 2 кафе паузи на ден, безалкохолен
    пијалок за време на паузите за ручек и вечера и сала за состаноци со опис на понудените услуги на
    хотелот/ресторанот.
  • Понудена цена во денари со изразен ДДВ, за градот Куманово.
  • Одржувањето на обуката да биде реализирано согласно актуелните протоколи за заштита од Ковид 19.

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 поени и квалитетот носи најмногу 20 поени. За добитник на повикот по барањето за
доставување на понуди ќе се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.
Квалитетот на понудените стоки и услуги ќе се оценува на начин што ќе се анализира видот, големината и
опременоста на просторијата за одржување на настанот, дополнителните услуги кои ги нуди понудувачот, како и понуденото мени за ручек и освежување.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик во денари
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за
контакт како и лица за контакт.
4.3. Тековна состојба од добавувачот.
4.4 Карактеристики на понудата
4.5 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.
4.6 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса
[email protected], и [email protected] најдоцна до (петок) 14.01.2022
година до 16 часот.


Куманово,
24.12.2021

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*