Во период од 9 до 13 Јули тимот на НРЦ според планираните активности за имплементација на проектот Клучот е во наши раце, кампања за образование на Роми ги посети Ромите во 11 града во Р.Македонија. Штип, Кочани, Крива Паланка, Скопје, Велес, Виница, Прилеп, Битола, Куманово, Тетово и Кавадарци беа посетени од страна на координаторот на проектот, техничкиот асистент и тернескиот мотиватор.

За време на посетата заедно со медијаторите одговорни за работа со родителите на терен беа евидентирани низа на проблеми од различен карактер. Координаторот на проектот заедно со техничкиот асистент и теренскиот мотиватор дадоа дополнителни инофрмации по прашањата кои се појавија како проблем со кои се соочуваат Ромските медијатори на терен.

Беа реализирани неколку посети на ромските семејства, кои истовремено беа и интервјуирани. И покрај информациите дека во минатиот период доста е работено на оваа проблематика согледано е дека има ургентна потреба од посуштински пристап кон оваа прашање.

Теренската работа на медијаторите во координација на НРЦ и соработката со други Ромски НВОи ќе продолжи и понатаму, со цел за мотиврање, прифаќање и вклучување на ромските деца во образовниот систем.