Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово повторно објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за набавка на дигитален фотоапарат

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот “Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на дигитален фотоапарат.

1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес и квалитет на понудените стоки и услуги.

2. Понуда

2.1  Понудувачот треба да достави понуда која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:

  • Понуда за набавка на дигитален фотоапарат со следните карактеристики:
  • Min 20 megapixel,
  • 10x-20 optical zoom,
  • Optical image stabilization,
  • LCD display,
  • HDMI, USB AV out,
  • SDHC slot+2-4 GB internal memory.
  • Напојување – литиумска батерија со полнач
  • Торба за транспорт
  • Гаранцијата да е минимум 24 месеци
  • Максимален износ: 30.000 мкд (со вклучен ДДВ)

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи 55 и квалитетот носи 45 бодови. Квалитетот се определува врз основа на: техничките карактеристики на понудените производи.  За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Квалитетот на понудените стоки и услуги ќе се оценува на начин што ќе се анализираат и дополнителните услуги кои ги нуди понудувачот, доколку ги има.

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост. Бодувањето на  понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до (петок) 26.06.2020 година до 16 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*