На 18 септември 2013 година претставници од Национален ромски центар присуствуваа на националната конференција „Промоција на социјална инклузија на млади луѓе од маргинализирани ромски заедници од рурални области: добри практики и идни чекори”, во Софија, Р. Бугарија. Конференцијата беше организирана од Центарот за интеретнички дијалог и толеранција „Амалипе”, од Велико Трново.
Националната конференција го претставува крајот на двегодишниот проект финансиран од Европската Комисија, а кој се реализираше од страна на Амалипе (Велико Трново, Р. Бугарија), Лига Про Европа (Тиргу Муреш, Р. Романија) и Национален ромски центар (Куманово, Р. Македонија).
Свој осврт на проблематиката за младите Роми од руралните заедници дадоа: Росица Јанкова (заменик министер за труд и социјална политика на Р. Бугарија), Иван Крстев (заменик министер за образование на Р. Бугарија), Корнелија Андреј (Европска Комисија, Оддел за вработување социјални работи и инклузија), Ибрахим Ибрахими (заменик министер за труд и социјална политика на Р. Македонија), модераторите на четирите Центри за поддршка во заедница од Р. Бугарија, и други.
Еден од заклучоците на конференцијата беше дека ни е потребна политичка волја и заложба за подолг временски период, за да постигнеме оддржливост и да ги видиме почетоците на промените кои се потребни за вклучување на овие заедници во социјалните структури.
[post_gallery]