Во Велико Тарново, Бугарија, по 12-ти пат се одржа Меѓународниот детски фестивал „Отворено срце“, на кој НРЦ учествуваше во партнерство со О.У. „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци, Општина Илинден
Центарот за интеретнички дијалог и толеранција „Амалипе“ од Велико Тарново, Бугарија на 05-06 јуни го организираше Меѓународниот детски фестивал „Отворено Срце“, на кој НРЦ во партнерство со О.У. „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци, Општина Илинден учествуваше по трети пат.
Ромскиот детски фестивал започна со дефиле на учесниците по улиците на Велико Трново, со транспаренти и знамиња, облечени во носиите од своите сценски настапи. На дефилето покрај учесниците присутни беа и г-ѓа Маргарита Попова, подпретседателот на Република Бугарија, г-дин Рајеш Кумар Сачдева, амбасадор на Индија во Бугарија, г-ѓа Ема Кејт Хопкинс, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Ева Зехечева, претседателот на Државната агенција за заштита на децата, проф. Пенчо Пенчев окружен гувернер, претставници од Министерството за образование и наука и Министерството за здравство, г-дин Даниел Панов градоначалникот на Велико Трново, г-ѓа Карина Фортуни од ТСА (trust for social achievement) и многу други претставници од државните институции се приклучија на манифестацијата на толеранција под мотото “Заедно можеме подобро!”.
На 6-ти јуни во 9 часот во паркот Марно Поле започна фестивалот со својата официјалната програма на која имаше 130 училишта и над 1800 учесници од сите делови на Бугарија, Македонија, Романија и Грција. Учесниците се претставија со различни кореографии на традиционални ора, модерни танци, драматизации на приказни и соло пеења.
О.У. „Браќа Миладиновци“ на програмата беа во попладневните часови каде што програмата ја збогатија со изведба на сплет од ромски ора и песни од Македонија, а беа облечени во традиционална ромска носија.
Покрај музичките и сценските настапи на училиштата и групите во паркот Марно поле беа поставени штандови кои симболично ја претставуваа традицијата, културата и фолклорот на Бугарите, Турците и Ромите етникуми кои што заедно живеат во Р. Бугарија.
[post_gallery]