На 11.05.2019 се оддржа втората работилница за Креативно видео во рамки на проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“.
Работилницата за креативно видео е втора од сетот од три работилници за креативно Видео на која зедоа учество млади Роми.
На втората работилница за креативно видео учесниците имаа можност да се запознаат со како поефективно да допрат до публиката преку фотографија и видео, како да се искористи креативноста во социјалните мрежи со цел да се запознае јавноста со проблемите кои ги засега ромската заедница и групна работа и изготвување на видео приказна за менување на наративите за Ромите во здравствените институции.
Имплементацијата на активностите од проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“ финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.