Волонтери од Мировен Корпус ја посетија канцеларијата на НРЦ со цел да се здобијат со знаење за работната средина во Македонија
Kelsey Nocket, Jessica Davidson, Casey Colonius и Kevin Work се интересираа за начинот на кој работи организацијата, како се планираат активностите и кои се најголемите потреби на НРЦ. Претставници од НРЦ ги презентираа плановите и програмите на организацијата и понудија слика за работењето на организацијата во реалност.
Во следните две години волонтерите од Америка ќе се здобијат со работно искуство во Македонија. Тие ќе живеат и ќе работат во локалните заедници, а веќе посетуваат обуки за македонски и албански јазик.
На крајот од посетата волонтерите беа импресионирани од активностите на НРЦ и од различностите на народот во Куманово. Инаку, волонтери од Мировен Корпус и минатата година ја посетија НРЦ и разменија информации со вработените.
[post_gallery]