ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА И МАРКЕТИНГ

 

Датум на објавување: 27.03.2020

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на физичко/или правно лице за маркетинг и продукција“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање на понуди за видео продукција и маркетинг

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Позадина на проектот

Национален ромски центар од своето основање во 2005 год. се развива како активен партнер и подржувач на ромската заедица. Визијата на НРЦ  креирање на општество каде сите луѓе се еднакви и имаат еднакви можности да ги уживаат своите права и одговорности. Проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ” адресира неколку главни компоненти значајни за социјална инклузија и родова еднаквост на ромската жена. Наодите покажуваат дека ромската жена е особено ранлива на сиромаштија и социјална инклузија поради етничка и родова дискриминација.

Стапката на невработеност кај маргинализираните Роми е многу повисока од онаа кај не-Ромите. Невработеноста особено влијае на економски активните жени Роми: нивната стапка на невработеност изнесуваше 58% во 2017 година во споредба со 45%  мажи Роми. Истражување од 2017 година од страна на ромското здружение на жени и млади „Лулуди“ спроведено во повеќе општини укажува дека во Прилеп, Куманово и во Штип жените Ромки главно се невработени повеќе од пет години, иако 86% се регистрирани како невработени кои бараат работа во Агенцијата за вработување во Прилеп, 60% од жените Ромки се регистрирани како невработени во Куманово кои бараат работа, а 35% жени Роми се регистрирани како невработени во Штип кои бараат работа.

НРЦ го промовира потенцијалот за вработување на жените Ромки преку 2 формирани социјални претпријатија во Кочани и Кичево со поддршка на  We Effect чија идеја е да се зајакне ромската жена во сферата на социјално претприемништво и можности за генерирање на приходи.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија.

Специфични цели на проектот се:

  1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики
  2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки
  3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2020 година.

Национален ромски центар го објавува ова барање за прибирање на понуди од правни или физички лица за изработка на видео спот, продукција и постпродукција (долга и кратка верзија на спотот) со вклучено сценарио и осмислен дизајн за маркетинг и промоција преку социјални медиуми на македонски јазик со искуство и вештини од најмалку 3 година во осмислување и изготвување на промотивни видеа и видеа за застапување.

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Најмалку 3 години работно искуство во креативни проекти и реализација на промотивни видеа и продукти за промоција;
  • Минимум 3 години искуство во продукција и постпродукција на рекламни спотови и видео материјали;
  • Докажано портфолио во изработка на исти/слични продукти;
  • Познавање на техники и принципи на рекламирање;
  • Активно познавање на глобалните трендови во областа на рекламирање;
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во работа со/во невладин сектор.

 

  1. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Бруто финансиска понуда (снимање, персонал, камера/и, аудиовизуелни потреби, пост-продукција, титлување, графика и авторски права за музика) за изработка на видеата со вклучени маркетинг трошоци за промоција на видеата за социјалните претпријатија на најмалку 3 социјални медиуми и најмалку 1 национална телевизија како и вклучени патни трошоци на понудувачот
  • Биографија на кандидатот за продукција и маркетинг со линкови од некои од претходно подготвените видеа како илустрација за работата на понудувачот;
  • Наведете кои медиуми ќе ги таргетирате и динамика/фреквенција на маркетинг и период на рекламирање
  • Најмалку 3 референци за подоготовка и испорака на ваков тип на услуги;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;

 

  1. Опис на позиција: Изработка на видео спот – продукција и постпродукција и маркетинг маркетинг

Број на позиции:

  • Едно правно лице
  • Физичко лице или (1) позиција ако се пријавуваат две или повеќе физички лица со заедничка понуда

Времетраење:  во период  од мај – ноември 2020 година

 

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

  • Изработка на сценарио врз основа на предложените теми (5минути);
  • Видео: продукција, постпродукција, обработка, монтажа и графичка и звучна обработка;
  • Кратка верзија на видеото сумирано од најдобрите делови од долгата верзија на видеото (најмногу 1 минута);
  • Форматот на продукцијата да биде соодветен за емитување на ТВ, на радио и на социјалните мрежи;
  • Да понудат креативна и оригинална изведба на идејата со вклучен наратив;
  • На почеток на сценариото да има вовед за невработеноста на Ромите/Ромките, важноста и значењето на социјалните претпријатија кои придонесуваат кон зајакнување на ромската жена во сферата на социјалното претприемништво и генерирање на приходи
  • На крај на спотовите да има дисклејмер кој ќе биде обезбеден од страна на НРЦ;
  • Маркетинг стратегија за рекламирање на видеото и кратка верзија од видеото со осмислен слоган на брендот што ќе ги претставува социјалните претпријатија;
  • Изведувачот ќе биде должен да подготви сценарио и да го достави на одобрување до НРЦ;
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet најдоцна во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Вкупен ангажман за спроведување на активностите е во период од мај- ноември (буџетска ставка 2.1.4.1);
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектен координатор.

  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден со вклучени патни трошоци– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до 20.04.2020 година до 16:00 часот.

 

 

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*