Јулија Сарделиќ, истражувач од CITSEE од Правниот факултет на Универзитетот од Единбург го посети Национален ромски центар.
На 10 Декември 2012 год, Националниот Ромски Центар имаше состанок со Јулија Сарделиќ, истражувач од CITSEE од Правниот факултет на Универзитетот од Единбург (http://www.law.ed.ac.uk/staff/281.aspx).
Јулија Сарделиќ работи на CITSEE истражувачки проект (www.citsee.eu), кој се занимава со трансформацијата на политиките за државјанство во пост-југословенските држави. Нејзина задача во рамките на CITSEE е да ја истражи позицијата на ромските малцинства во врска со трансформацијата на пост-југословенските политики за државјанство и прашањата на луѓето без државјанство, како и правата на Ромите.
Таа го контактираше НРЦ за учество во истражувањето со оглед на придонесот на организацијата за подобрување на позицијата на Ромите.
На овој состанок се разговараше за актуелните прашања во врска со ромската популација која што живее во Македонија и на Балканот. Се дискутираше за проблемот со личната документација на Ромите, статусот на апатридите и се направи ретроспектива на положбата на Ромите на овие простори пред 50-тина години. Резултатите од оваа дискусија ќе бидат дел од истражувањето за моменталната состојба на ромската популација која што живее во Македонија и Балканот на CITSEE истражувачкиот проект.
Ашмет Елезовски, претседателот на НРЦ смета дека овие дискусии се потребни бидејќи придонесуваат за подобри анализи и идно планирање за решавање на влошената ситуација на Ромите.
[post_gallery]