Интерактивна работилница со учениците од основните и средните училишта од Куманово со цел да се препознаат стереотипите, предрасудите и дискриминацијата и влијанието кон нивното намалување и спречување
Националниот ромски центар на 27 Октомври 2017 организираше работилница која е дел од Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги ромите“ и кампањата „Ромска Гордост“ поддржана од Кампањата Доста! програма од Советот на Европа и „Европа за Граѓаните“ програма на Европската унија.
Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги ромите“ и Кампањата „Ромска Гордост“ се реализира во соработка со основните и средните училишта од Куманово. На работилницата учествуваа 60 ученици и 12 наставници.
Првиот дел од работилницата започна со Заменик Народен Правобранител Г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа која со експертиза на полето на правата на децата ги запозна учениците за негативните појави во образованието како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата. Преку разговор и лични примери учениците имаа можност да го разберат значењето, чувството и емоциите кои се пренесуваат при погрешните мислења, перцепции и тврдења кои се главен дел на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.
Во вториот дел од работилницата преку групна работа учениците заедно со своите Наставници работеа на дефинирање на пораки, цитати креативни творби и кои ќе бидат испишани или нацртани на маиците и платната на настанот, исто така беа дефинирани и главните пароли кои ќе треба да се испишат на големите платна како мото на секое училите против Стереотипи, предрасуди и дискриминација.