На 20.05.2019 се оддржа втората работилница за Креативно видео во рамки на проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“.
Работилницата за креативно видео е последна од сетот од три работилници за креативно Видео на која зедоа учество млади Роми.
На третата работилница за креативно видео учесниците имаа можност да се запознаат со фотографијата како алатка за промена, вовед во движечка слика и други аудиовизуелни техники, истражување, синопсис, контакт листа е со цел да учесниците се запознаат со подготовките за реализација и снимање филм и визуелизација на приказните кои беа изготвени во предходната работилница.
Имплементацијата на активностите од проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“ финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.