На 17ти и 18ти април 2013 година, претставниците од Националниот ромски центар и асистентите на проектот „Промоција на социјална инклузија за млади луѓе во маргинализирани рурални ромски заедници”, Ирфан Мартез и Анита Димитриевска, заедно со претставниците од Амалипе – Бугарија, беа на теренска посета во Liga Pro Europa во Тиргу Муреш и во романското село Глодени.

 
Претставниците од Националниот ромски центар и Центарот за интеретнички дијалог и толеранција „Амалипеимаа дискусија на темата „Борба против социјална исклученост на млади Роми – ризици и можности за вработување на романскиот пазар на труд во канцеларијата на Liga Pro Europa во Тиргу Муреш. Оваа тема беше дискутирана од страна на гореспомнатите претставници и од претставниците од Регионалната агенција одговорна за работа и вработување, Директоратот за јавно здравство, Регионалниот училишен инспекторат, Канцеларијата на префектот и од други формални и неформални лидери.

Недостаток на образование води до невработеност. Програмата „Втора можност” работи на професионален развој преку 19-те различни тренинзи кои ги нудат. Проблемот е во тоа што многу луѓе воопшто немаат образование и поради тоа не можат да се вклучат во проектите за професионална квалификација. Многу луѓе немаат лични документи, но ова е проблем кој е решлив и се решава. Околу 2% од невработените од реонот се декларираат како Роми, иако се претпоставува дека се повеќе.

На состанокот слушнавме и мотивационен говор од Руди Мока, кој рече дека ако луѓето сакаат да бидат активни во борбата против предрасудите, тогаш тие треба да бидат компетентни, а тоа може да се постигне само преку образование. Образованието треба да започне уште во најрана возраст и е единствен начин да се дојде до самореализација. Одрекувањето од својот етницитет води до омаловажување на самиот себеси во очите на другите. Сиромаштијата не е прифатлива причина за останување без образование.

Има 36 здравствени медијатори во реонот на Тиргу Муреш. Сите се Роми, со најмалку основно образование. Тие се вработени од општината, координирани од Дирекцијата за социјално здравство и платени се од Министерството за здравство. Работат во 55 дистрикти со 18 000 граѓани, на полињата на: хигиена, вакцинација, контрацепција, бременост итн. Медијаторите посетувале програм за специјализација за медицинска помош.

Вториот дел од состанокот беше резервиран за презентациите на тимовте од „Амалипе” и Националниот ромски центар.

Вториот ден беше планиран за посета на селото Глодени. Таму го посетивме основното училиште, градинката и луѓето од селото кои ни ги покажаа нивните прекрасни рачни изработки.

[post_gallery]