Студиска посета за студиски кругови во Корча
Методот на неформално учење преку студиски кругови беше претставен пред претставници на ромски здруженија од Македонија.
Во рамките на проектот „Социјална инклузија на Роми жители и повратници во Македонија“ Национален ромски центар организираше студиска посета на организацијата Агринет, во Корча, Албанија. Темата на посетата беше да се стекнат дополнителни знаења за студискиот круг, како метод на учење што во Агринет го применуваат повеќе од три години. Од страна на НРЦ групата ја сочинуваа 8 претставници на повеќе ромски здруженија кои се вклучени во реализацијата на проектот.
Покрај теоретскиот вовед во методот на учење преку студиски кругови, од Агринет организираа посета на практична реализација на студиски круг за традиционално готвење.