Комесарот за човекови права при Советот на Европа, Нилс Муижниекс, во Македонија одржа средба со ромски невладини организации.

Комесарот Нилс Муижниекс беше заинтересиран да слушне за проблемите со кои се соочува ромската заедница, а кои воедно се косат со Европската конвенција за човекови права.

Претставници од НРЦ посочија дека во областа на образованието Ромите сеуште се соочуваат со голем број на ромски ученици во училиштата и паралелките за деца со посебни потреби.

Тие укажаа на проблемот со лична документација, како еден од предусловите за уживање на основните човекови прави во една демократска држава.

Како најактуелно и особено чувствително прашање беше истакната дискриминацијата со која се соочуваат Ромите на граничните премини во Македонија и одземањето на патни исправи од страна на МВР со цел да се  спречи миграцијата на Ромите како потенцијални баратели на азил.

Интересна дискусија имаше за законот за антидискриминација, недоволната реализација на „Националната стратегија за Ромите во Македонија” како и спроведувањето на „Националните акциони планови” во четирите приоритетни области (образование, домување, здравство и вработување). Беше укажано дека државата има усвоено многу документи, но недостатокот на нивна реализација ја потврдува подредената ситуација на Ромите во Македонија.

На крајот НРЦ упати порака до Комесарот за човекови права во Советот на Европа дека Македонија и институциите кои функционират под капата на оваа држава треба да креираат политики кои соодветствуваат на реалните потреби на граѓаните, дека ефективна имплементација на политики се покажала како добра пракса и дека невладиниот сектор во Македонија има капацитети и е подготвен да соработува за подобрување на состојбата на Ромите за да се надминат проблемите со кои се соочуваат.

[post_gallery]