На 25 фебруари 2008 год во Информативната канцеларијата на Советот на Европа во Р.Македонија, претаставници на Национален Ромски Центар од Куманово и други НВО и беа поканети да учествуваат на состанок со г-дин Хамарберг.

На состанокот г-дин Хамарберг покажа голема заинтересираност за појавите на дискриминација кои се применуваат врз Ромите во Р.Македонија, жените Ромки, статусот на бегалците Роми од Косово, а воедно побара и предлози на кои институции да им обрне внимание. Од наша страна му беше посочено да интервенира до раководечките структури на Владата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика и Министерство за здравство.

Како делегати на ЕРТФ и претставници на НРЦ на состанокот му кажавме дека Ромите се најмаргинализирана група во Р.Македонија и дека дискриминацијата како проблем егзистира. Најслаба алка во легалниот ситем на Р.Македонија беше истакнато дека е непостоењето на анти-дискриминативен закон како и нееднаквата имплементација на Охридскиот рамковен договор.

Нашето мислење и препораки ќе ги содржи следниот документ.

Уставот на Македонија и амандманите кои беа усвоени како резултат на Охридскиот Рамковен Договор (од тука натаму „Рамковен Договор“) во 2001 обезбеди заштита против дискриминација и гаранција дека граѓаните имаат право слободно да го одлучат својот политички статус и нивниот економски, социјален и културен развиток. Ромите се признаени како малцинство според Македонскиот Устав. Уставот ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, лингвистички идентитет на сите заедници. За време на пописот во 2002 во Македонија, 53,879 лица изјавија дека се Роми. Ромите сочинуваат 2.66% од вкупната популација во Македонија.

Ромите во Македонија живеат на маргиние на општеството, често во екстремна сиромаштија и се соочуваат со бариери при пристап кон клучни економски и социјални права како вработување, социјална помош, домување, здравствена заштита и образование. Во одговорот на Прашалникот при изработка на Мислење за Европската Комисија за Аплицирање на Македонија за членство во Европската Унија, Македонската влада изјави, „Сегашната социјална и економска ситуација на Ромите кои се посебно афектирани од процесот на транзиција, ги става во категоријата најсиромашни граѓани на Република Македонија. Според податоците на Бирото за Вработување во Република Македонија, вкупната бројка на невработени Роми на 31 Август 2004 беше 17,014 (4.3% од вкупната бројка на невработени), од кои 7114 се жени.”.

Според статистичките податоци на Агенција за Вработување во Р.Македонија, во 2004, на секој вработен Ром, приближно тројца се невработени. Според податоците на Републичкиот Завод за Статистика, стапката на невработеност кај Ромите во 2003 беше 83.4%, 72.4% во 2002 и 71.6% во 2001. Во споредба со ова, националниот просек на невработени лица истата година беше 36.6%, 31.9% и 30.5%, – помалку од половина од стапката кај Ромите.

95 % од Ромите во Македонија живеат во урбани области. Повеќето од нив се сконцентрирани во сиромашни области (вклучувајќи населби кои личат на гета) или во предградија. Животните услови во тие области често се субстандардни, без основна инфраструктура и основни животни услови кои државата треба да им гиовозможи на сите свои граѓани, како на пример електрична енергија, вода, канализација или пак асфалтирани патишта.

Голем број на Ромски населби егзистираат долго време надвор од урбанистичките планови; така што имотната состојба на многу Роми има нерегулиран статус. Во Националната Стратегијата за Ромите, Македонската Влада има добиено информации од Организациите кои работат на човекови права, кои покажуваат дека кај Ромската популација има околу 14,000 нерешени случаи за имотниот статус. Во Стратегијата има и проценки дека 70% од Ромите не поседуваат сопственост врз земјиштето на кое живеат.

Прекршувањето на правата на Ромите во образованието зема форма на дискриминациски и сегрегациски пракси.Таков пример е појавата на сегрегација на Ромските деца во таканаречени „Ромски одделенија“, во одделенија за деца со пречки во развојот, расно-мотивирана деградација во училиштата; и апатијата на македонските образовни власти за да се справат со слабо присуство и висока стапка на отпишување од училиште кај Ромските деца. Ниското ниво на академско постигнување влијае врз другите области од нивниот живот. Како резултат на ниското образовно ниво на многу Роми во Македонија, најголем процент од нив Роми кои успеваат да се вработат, се вработуваат на најниски платени работни места, најчесто во форма на тешка физичка работа.

Потребна е итна помош за сите етнички заедници, а особено Ромската популација, бидејќи нивото на образование кај нив е најниско. Социјално-образовни програми се потребни со цел да се воспостави долгорочно бесплатно образование (набавка на книги и прибор како и пакети од социјална помош со цел да се надмине моменталниот тежок социјален статус на Ромските фамилии кои имаат деца на школска возраст.

Во последните неколку години, Македонската влада презеде одредени позитивни чекори кон решавање на проблемите на ова екстремно маргинализирана заедница. На 31 Јануари 2005, Македонската влада ја усвои “Националната Стратегија за Ромите во Македонија“, која го содржи владиниот план за интеграција и подобрување на ситуацијата на Ромската заедница во Македонија. Во Фебруари 2005, Македонската влада се приклучи на иницијативата “Декада на Ромската Инклузија 2005-2015“, во чии рамки се изработени акциони планови за подобрување на пристапот на Ромите кон соодветно образование, домување, здравствена заштита и вработување кои беа усвоени во Ноември 2005. Но реалноста е дека нема реална политичка воља за имплементирање на овие мерки и подобрување на ситуацијата на Ромите.

Уште од воведување на политички плурализам и првите повеќе партиски избори во Македонија, Ромите имаат политички претставник во Парламентот. И покрај политичкото претставување на Ромите на национални и локални нивоа (претставување кое не е нумеролошки совпадливо со вкупната популација на Ромите во Македонија), Ромското учество во процесите за донесување на одлуки не е ефективно, и повеќето Роми се сметаат самите себе како делумно или целосно исклучени од донесувањето на одлуки.

Процесот на усвојување и почеток на имплементација на еднакво претставување на малцинства во јавната администрација и јавните компании оди во позитивен правец но во пракса се развива споро. Потребни се време и практични активности за поголем допринос во понатамошата реализација на задачите од оваа имплементација.

Препораки

  1. Без одложување, да се усвои соодветен анти-дискриманационен закон за заштита против дискриминација – особено расна дискриминација – во сите области кои се релевантни за реализирање на правата на Ромите.
  2. Проактивно регрутирање на квалифицирани Роми за професионални позиции во национална и локална администрација, канцеларии за труд, канцеларии за социјално осигурување, здравствени центри и училишта.
  3. Без одложување, усвојување и финансиска поддршка на мерки за постигнување на ефективен и квалитетен пристап на Роми во образованието. Такви програми треба да се обратат на сите нивоа на образование, но особено внимание треба да се обрне на пред-школско, основно и средно образование.
  4. Без одложување, да се прекрати праксата за сегрегирање на Ромски деца во таканаречени „Ромски одделенија“. Интегрирање на Ромските ученици во одделенијата, а каде што е потрбно да се дизајнира и имплементира адекватно финансирани програми со квалифициран персонал за полесна транзиција од сегрегирано до интегрирано школување.
  5. Заедничко и упорно влијаење на релација, различните етнички групи и ентитети во Македонија, борба против прекршување на нивните права, како и свесноста за улогата на граѓанското општество и државните институции кои се од голема важност во овој процес.Се со цел да се изградат и зајакнат врските помеѓу нив и да се развијат ефективни и системски методи за забележување на прекршоците и стремеж кон нивно минимизирање во иднина.

Превземи: Средба со Комесарот за Човекови права во Советот за Европа г-дин Томас Хамарберг