Градоначалникот Ристески изрази задоволство и поддршка за заложбите на НРЦ на полето на образованието и домувањето.
На 24.08.2011 претставници од НРЦ остварија средба со градоначалникот на Прилеп, г-динот Марјан Ристески. На средбата беа разменети информации за состојбата на Ромите во Прилеп, како и можностите за соработка помеѓу општината и НРЦ.
Беа разгледани можностите за задржување на медијаторите во образовниот процес во основното образование во иднина како особено значајна алка за соработката помеѓу ромските родители и училиштата, како и за подобрување на нередовноста и успехот на ромските ученици.
Во поглед на легализацијата на дивоградбите, градоначалникот покажа особен интерес за активноста на НРЦ преку проектот „Легализација на ромските домови – Македонија, прва фаза“ . Беше донесен заклучок за заедничко интензивирање на активностите, со цел да се зголеми бројот на поднесени барања од страна на Ромите до завршувањето на крајниот рок, 3-ти септември 2011.
Градоначалникот Ристески изрази задоволство и поддршка за заложбите на НРЦ на полето на образованието и домувањето.
[post_gallery]