На средбата беше потпишан договор за соработка преку реализација на проектна активност

На состанокот во Амбасадата на Кралството Норвешка присуствуваа Амбасадорот Н.Е. Кједил Паулсен, г-ѓа Наташа Сердаревиќ, проектен асистент и од страна на НРЦ г-дин Ашмет Елезовски и г-ѓа Славица Тасевска-Симоновиќ. Целта на оваа средба беше потпишување на договор за проектна активност.

Оваа средба беше искористена и за да се разменат информации околу програмата и активностите на НРЦ, актуелните збиднувања и претстојниот попис на населението во Македонија.

[post_gallery]