Македонските учесници во студиската посета „Луѓе за луѓе“, претставниците од Центарот за интеграција „Амбрела“, Национален ромски центар (НРЦ) и Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ ги презентираа нивните проекти номинирани за Наградата за Ромска Интеграција.

Македонската канцеларија ТАКСО организираше информативен настан за споделување на искуства од „Луѓе за луѓе“ студиската посета за Интеграција на Ромите. На студиската посета која беше организирана на крајот на 2014 година во Брисел, Европската Комисија додели Награда за Ромска Интеграција за проекти кои беа евалуирани како најдобра практика за интеграција на ромската заедница.

Македонските учесници во студиската посета „Луѓе за луѓе“, претставниците од Центарот за интеграција „Амбрела“, Национален ромски центар (НРЦ) и Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ ги презентираа нивните проекти номинирани за Наградата за Ромска Интеграција и споделија информации за средбите со ЕРИО, ЕРГО, ЕРРЦ и други интернационални и ЕУ институции и организации кои работат на прашањето за ромска интеграција.

Текстот и фотографиите се преземени од Фејсбук страната на ТАКСО https://www.facebook.com/TACSO2?fref=ts

[post_gallery]