На првиот граѓански собир се разговараше за реалните проблеми на Ромите од аспект на домувањето
На 08.10 се одржа првиот граѓански собир во ромското маало во Злокуќани, Општина Карпош. На собирот граѓаните имаа можност да го гледаат документарниот филм „Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров“, како и да ги споделат проблемите од областа на домувањето. Многу од нив дојдоа со целосна документација за да разговараат за проблемите со правникот ангажиран во проектот. Со вклучување во вакви локални акции граѓаните имаат можност да бараат инфраструктурна поддршка за нивните домови, урбанизација и хуманизација на просторот на кој живеат и пред сé нормални услови за живот.