Целта на кампањата е да се спротистави на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата во образовниот систем и воедно да се промовира еднаквоста, ромската култура, историја и традиции во соработка со основните и средните училишта од Куманово.
Националниот ромски центар како членка на Европското антирасистичко движење EGAM од Франција започна со одбележување на Рома Прајд и кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“ програма на Советот на Европа. Целта на кампањата е да се спротистави на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата во образовниот систем и воедно да се промовира еднаквоста, ромската култура, историја и традиции во соработка со основните и средните училишта од Куманово. Активностите се подржани од страна на програмата „Европа за граѓаните“ на Европска Комисија.
Имплементацијата на активностите започна на 30 септември со организирање на работилница со 60 ученици и 12 наставници од основните и средните училишта од Куманово. Покрај сесијата за стереотипи и предрасуди се работеше во групи каде што се дефинираа слогани, цитати, изреки и креативни творби против стереотипи, предрасуди и дискриминација кои беа употребени на главниот настан и на крајот секое училиште ги презентираше резултатите од работата во група.
Главниот настан се одржа на 07 октомври со учество на над 120 ученици и наставници по ликовна уметност од основните и средните училишта од Куманово. На Хепенингот сите учесници пишуваа цитати, изреки и твореа креативни творби против стереотипи, предрасуди и дискриминација на маици и платно се со цел преку уметноста да се влијае на намалување на овие чувства, ставови и дела.
Активностите во рамките на кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“ сеуште се во тек. Се подготвува изложба на цртежи на тема „Колку ги познаваш Ромите“ изработени од учениците од основните и средните училишта исто така ќе бидат изложени креациите од хепенингот, ќе бидат доделени сертификати за учество и официјално ќе биде промовирано креативното видео со учесниците во активностите на Рома Прајд и кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“.