НРЦ во изминатите неколку денови интензивно ги посетуваше ромските населби  во источниот дел на Р. Македонија. Посетите беа организирани во попладневните и вечерните часови.

На ромските граѓани, за време на овие посети, им беше овозможено да бидат информирани за своите права за време на спроведувањето на Пописот во РМ. Им беше поделен информативен материјал со препознатливи елементи од културното богатство на Ромите и мајци на кои беше напишан слоганот „Роми сме, Горди сме, На тоа што сме“.

Приемот на НРЦ тимот за мотивација од страна на Ромите во населбите беше многу отворен со хармонична атмосфера за вистински дијалог и размена на информации. Беа посетени ромските населби  во следниве градови: Радовиш, Свети Николе, Штип, Виница, Кочани, Делчево, Црник, Пехчево, Берово, Велес, Прилеп, Кавадарци, Струмица (повеќето ромски населби во близина на Струмица).

Согледавме дека ромскиот стил на живеење во овие населби станал дури уште потежок од порано. Можност за работно ангажирање имаат само во летниот период, за време на сезонските работи. Сиромаштијата и понатаму е најголемата причина за отсуство или невклученост на ромските деца во наставата. Генерална е сликата за сиромаштија во овие посетени населби, но сепак секој град си има и некои свои специфики и проблеми. Поголем процент на граѓани не се запознаени со процесите во државата кои се однесуваат за нив самите. Но, има и случаи на оние кои се запознаени со процесите, но со големо разочарување од резултатите.

Кампањата на НРЦ се организира во вистинско време за освестување и охрабрување на Ромите за нивно декларирање и елиминација на манипулациите кои во изминатите пописи се правеше со Ромите. Проширени се информациите за што поголемо учество на Роми средношколкци за пријавување како попишувачи.

Очекуваме отворен прием на попишувачите во ромските домови за подобра иднина на помладите генерации.

[post_gallery]