Проектот е двегодишна иницијатива финансирана од Европската комисија во рамките на PROGRESS програмата. Од октомври 2011 е спроведен во Бугарија, Романија и Македонија од страна на Center Amalipe (водечки апликант), Liga pro Europa – Romania и Националниот Ромски Центар – Македонија (како партнери)

Проектот цели кон развирање, тестирање и проценување на социјално иновативниот пристап за борба против социјалното исклучување на младите луѓе во руралните општини во Бугарија, Романија и Македонија со особено внимание на младите луѓе од маргинализираната Ромска заедница. Се базира на фактот дека социјалното исклучување е позастапено во руралните области и меѓу маргинализираните етнички малцинства (како што се Ромите), како и дека младите луѓе се чувствителна група за социјално исклучување.

Проектот претпоставува дека причините за социјалното исклучување се поврзани со сиромаштијата и недостатокот на демократска традиција, но и со отсуството на општествени структури во локалните заедници.

Услугите основани од заедницата се добар начин да се поддржат воспоставените социјални структури на заедницата и на тој начин да се помогне социјалното вклучување. Затоа проектот го промовира развивањето Центри за поддршка, како и други иновативни форми на услуги основани од заедницата во маргинализираните рурални ромски општества. Во рамките на проектот ќе бидат основани и методолошки поддржани 4 Центри за поддршка во Бугарија, 1 во Романија и 1 во Македонија. Нивниот ефект ќе биде мерен и оценуван, искуството сумирано и предложено за кревање на нивото на реакција.

[post_gallery]