Националниот ромски центар го промовираше стрипот „Другарчиња” илустриран според истоимениот расказ, избран за публикација од работилницата за креативно пишување на фондацијата Next page од Бугарија, а финансиски поддржан од Институтот отворено општество од Будимпешта и Европската Културна Фондација.

Целта на стрипот е да влијае за надминување на стереотипните бариери кај учениците на возраст од осум до десет години вклучени во воспитно образовниот процес, а воедно да се користи како алатка која ќе ги анимира и насочи интересите на децата кон илустрираната уметност и да придонесе за зголемување на толеранцијата.

Стрипот е публикуван и издаден од страна на Националниот ромски центар, а е изработен во рамките на проектот „Наши приказни” имплементиран од Фондацијата NEXT PAGE со финансиска поддршка од Институтот Отворено Општество Будимпешта и Европската Културна Фондација.

Стрипот е публикуван според истоимениот расказ на Ирфан Мартез, додека илустрацијата е на Фросина Трендафиловска.

Дистрибуцијата на стрипот во основните училишта со поголем процент на ромски ученици ќе биде поддржана од страна на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадниците на заедниците.

Погледни „Другарчиња”

Симни „Другарчиња”

[post_gallery]