Учесниците од здружението Национален Ромски Центар и основното училиште Браќа Миладиновци – од Општина Илинден амбасадори на Ромскиот Фоклор од Македонија
Традиционално и оваа година Националниот Ромски Центар заедно со Основното Училиште „Браќа Миладиновци“ од Миладиновци , Општина Илинден учествуваа на Тринаесетоти по ред Детско Ромски Фестивал „Отворено Срце“ од Интернационален карактер кој се оддржа во Велико Тарново,Република Бугарија.
Фестивалот „Отворено Срце“ 2016 организирано од ЦМЕДТ „Амалипе“ беше комбинација народни танци, модерни кореографија, драматизација на бајки, пејачки настапи, демонстрации на различни занаети од различните етнички групи од Бугарија а беа вклучени и групи од Македонија, Кина, Романија, Албанија и Германија.
Ромскиор фоклор од Македонија беше преставена од Основното Училиште „Браќа Миладиновци“ кои со својата кореографија ги дигнаа на нозе гледачите и учесниците на фестивалот. Националниопт Ромски Центар е повеќегодишен партнер на ЦМЕДТ- Амалипе од градот Велико Тарново – Бугарија земја членка на европската Унија.
Учеството на Националниот Ромски Центар и оваа година е подржано од Европската Комисија од програмата Европа за граѓаните – Структурална подршка за граѓански организации на европско ниво 2016.