Министерот за образование и наука Никола Тодоров и директорот на Управата за образование на јазиците на припадниците на заедниците Реџеп Али Чупи ќе присуствуваат на промоцијата на Прирачникот за спречување и заштита од дискриминација во воспитно-образовниот систем во Република Македонија како дел од кампањата за образование на Ромите, во реализација на Националниот Ромски Центар, финансирана од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. Промоцијата ќе се одржи во хотел „Александар Палас“, со почеток во 15 часот.