За време на медиа кампот Буверо 2017 година ромски девојки подготвија три интересни видео приказни што беа промовирани пред публиката и предизвикаа голем интерес
Националниот ромски центар со поддршка од програмата на Европска Унија „Европа за граѓаните“ на 21.08 организираше промоција на кратки документарни филмови изготвени од учесничките на медиа кампот Буверо 2017. Беа промовирани трите документарни филмови: Ромка или Робинка, Сон и Ние сме промената.
„Сон“ анимирано видео, приказна со кое креативно беа посочени предизвиците на една ромска девојка со акцент за важноста и значењето на образованието. Автори на филмот се Марина Симеуновиќ, Ралица Димитрова, Евелин Камперовска и Рахилда Кадриова, под менторство на Славица Ќурчинска.
„Ромка или Робинка“ е приказна за две сестри од ромска националност и нивното соочување со стереотипите предрасудите и дискриминацијата. Сценариото и реализацијата се на Џенет Коко, Жељка Николиќ, Бирсана Демировска и Сефаде Фејзовска, под менторство на Мартин Давитковски.
„Ние сме промената“ е креативно музичко видео со кое беа пренесени емоциите на девојките од традиционалните ромски семејства кој предизвика голем интерес кај публиката на промоцијата. Авторките на видеото Тања Ѓорѓевиќ, Сонита Фејзовска, Тамара Асковиќ, Мерсида Демировска, под менторство на Небојша Илијевски.
На промоцијата официјално беа доделени сертификати на сите учеснички на медиа камп „БУВЕРО 2017 “
На Медиа Камп „БУВЕРО 2017“ зедоа учество девојки од Македонија, Србија и Бугарија. Главна цел на кампот беше да се мотивираат младите ромски девојки преку тренинг за новинарство и користење на новата иновативна дигитална технологија. Тренингот беше реализиран во почетокот на август 2017 година. Во теоретскиот дел експерти од различни полиња оддржаа предавања на следниве теми: визуелно историско прераскажување, медиумска етика, идентитет, основи на новинарство, основи на фотографија, видео снимање и телевизиско уредување и практичен дел каде што учесниците беа поделени на групи и ги снимаа и уредуваа своите сопствени видео записи.