Кампот Буверо 2017 традиционално по трет пат се организира во Етно село во Куманово преку програмата Европа за граѓаните на Европска Комисија, во партнерство помеѓу Национален ромски центар и Ромедија Фондација

Национален ромски центар во партнерство со Ромедија Фондација, со поддршка од програмата Европа за граѓаните на Европска Комисија по трет пат го организира кампот Буверо на кој учествуваат 12 ромски девојки од Македонија, Србија и Бугарија.

Во текот на првиот ден од кампот БУВЕРО беа одржани вкупно 5 сесии. На првата воведна сесија учесничките се запознаа меѓусебно, како и со организаторите на тренингот. Воедно учесничките ги одредија и правилата за работа за време на кампот.

Првиот ден „Јас и мојата приказна“ беше посветен на ромски идентитет и на оваа тема со учесничките разговараше Љуан Коко, претставник на здружението ЦЕРЕС од Србија, со богато работно искуство од областа на новинарството и правата на националните малцинства. Тој дискутираше за идентитетот како сила за обликување на заедницата, за предрасудите и за значењето на ромскиот идентитет. За начинот на информирање за Ромите во медиумите зборуваше Зорица Кибичек, новинар од Србија.

На темата за ромскиот идентитет со учесничките разговараше и Ашмет Елезовски, извршен директор на Национален ромски центар.

DSC_0052-800x600 DSC_0105-800x600 DSC_0140-800x600 DSC_0207-800x600 DSC_0217-800x600 DSC_0218-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*