Националниот ромски центар се приклучи кон иницијативата „АЈДЕ“

Националниот ромски центар се приклучи кон иницијативата „АЈДЕ“ во кампањата за собирање на потписи за поведување на иницијатива за оценка на уставноста на одредбите од Законот за работни односи, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност пред Уставниот суд на Р.М, кои го третираат  плаќањето на придонеси од страна на хонорарците. Под мото „Приклучи се кон групната претставка до Уставниот суд за правото на еднаквост и работнички права за хонорарците“ Националниот ромски центар ги повикува граѓаните секој работен ден во просториите на здружението во Куманово на ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5 да ја поддржат оваа иницијатива.

[post_gallery]