Завршен извештај за спроведените активности на проектот
Национален Ромски Центар – Куманово и партнерската организација АВЕНА од Кочани, во период од 01.04.2016 до 30.09.2017 година го спроведуваат проектот „Подобрување на учестовото на помалите заедници на локално ниво“ со финансиска помош на Делегација на ЕУ во Македонија и ИНСОК.
Спроведените активности беа насочени кон 5 општини во Република Македонија (Куманово, Тетово, Битола, Прилеп и Кочани) каде основна цел беше да се воспостават механизми за зголемено учество на помалите заедници на локално ниво преку:
- поттикнување на редовни консултации меѓу граѓанските организации и локалните власти,
- следење на процесите на донесување на одлуки,
- зајакнување на капацитетите на локалните засегнати страни за поттикнување на толеранцијата, соработката и учеството на помалите заедници во одлучувањето, како и
- да се создадат механизми за зголемено влијание на заедниците во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
Остварени резултати во рамки на проектот:
- Одржани 10 тркалезни маси со претставници на локалната самоуправа, претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците и на локалните здруженија на граѓани;
- Одржани 4 квартални средби со претставници на локалната самоуправа, претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците и на локалните здруженија на граѓани;
- Изготвена интернет платформа за добивање на повратни информации од граѓаните и анализирани 592 прашалници од граѓани по однос на нивната перцепција за учеството во локалните политики и локалниот живот;
- Мониторинг на 20 седници на општинските совети;
- Објавен финален извештај со препораки врз основ на претходно далабинско интервјуирање на 504 граѓани и работни состаноци со 26 лица, претставници на локалните власти достапен на интернет страната на Национален Ромски Центар – Куманово;
- Одржани 6 работилници за интер културно разбирање и правата на заедниците, со претставниците на локалните власти, општинските совети и локалните организации;
- Одржани 3 дводневни тренинзи за претставници на локални самоуправи и локални здруженија на граѓани за вкупно 79 учесници од локалните засегнати страни;
- Доделени под-грантови во износ од 497 EUR на 7 локални организации заради зајакнување на нивните капацитети преку спроведување на проектни активности сообразни со главната цел на Проектот;
- Изготвени и доставени до Општинските власти 5 Стратегии со акциони планови и Програми за спроведување на Стратегиите за поттик на учеството на помалите заедници во секоја општина поединечно, од кои се усвоени 2 од страна на Совет на општина Тетово и Совет на општина Прилеп ;
- Изготвен информативен брифинг за учеството на помали заедници во КОМЗ и општинските совети;
Контакт за дополнителни информации
Михаил Готовски – Проект менаџер
Национален Ромски Центар – Куманово
Ул. Доне Божинов бр. 11/5 Куманово
Тел: 071
Е-маил: [email protected]
Интернет страница: www.nationalromacentrum.org