Целта на средбата беше да се разменат информации за состојбата на човековите права во Република Македонија, со посебен акцент на заштита на правата на припадниците на ромската заедница

Претставник на Комисијата за безбедност и соработка во Европа (КБСЕ), Ерика Шлагер, во својство на член на совет за меѓународно право во оваа независна агенција на САД, заедно со офицер за надворешни работи на Стејт Департментот на САД, Давид Мејер, и политичкиот советник во Амбасадата на САД, Митко Бурчевски беа во посета на НРЦ на 3 јуни 2014 година.

Целта на средбата беше да се разменат информации за состојбата на човековите права во Република Македонија, со посебен акцент на заштита на правата на припадниците на ромската заедница. Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски ги информираше гостите за состојбата со почитувањето на основните човекови права и генерално за проблемите со кои се соочуваат Ромите во Македонија. На средбата се дискутираше за пристапот до образование, здравствена заштита, вработување, домување и тековни проекти на НРЦ.

[post_gallery]