Околу илјада жители на ромските населби бараат подобри услови за домување

 

Во четврток, 28-ти април, со почеток во 10.30, во Хотел „Холидеј Ин“ во Скопје (сала Дневна), Националниот ромски центар организира Прес конференција за заедничката акција „Домувањето е повеќе од 4 ѕида и кров“.

Над 2000 граѓани беа информирани за правото на адекватно домување, нивните права, обврски и улога; околу 1000 жители на урбани заедници ги поддржаа локалните акции за застапување во врска со реални потреби на граѓаните во насока на подобрување на стандардите за живеење.  На прес конференцијата ќе бидат пренесени искуствата од патувачкиот караван и реалните потреби на жителите на 9 ромски населби.

Овој настан е дел од активностите на Националниот ромски центар, (НРЦ) во рамки на проектот „Адекватно домување за Роми“, во партнерство со уште шест други невладини организации, („Авена“ Кочани, „Пралипе“ Крива Паланка, „Баирска светлина“ Битола, „Ромска солза“ Прилеп, „Амбрела“ Шуто Оризари и „Паблик“). 

Акцијата се спроведува во девет општини: Карпош, Шуто Оризари, Крива Паланка, Битола, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип, и тоа преку реализација на кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми.
Акцијата за застапување вклучуваше барање од граѓани за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација.

Документарниот филм „Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров“ беше прикажан низ девет ромски населби во Македонија, како дел од патувачки караван чија цел е унапредување на правото на адекватно домување на Ромите – преку влијание на политиките на локално и национално ниво.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*