Активноста се реализира во рамките на проектот Легализација на домувањето за Роми, што НРЦ ја реализира со финансиска поддршка од ФООМ и во партнерство со Хабитат.

Почнувајќи од месец август 2012 НРЦ започна со активноста правни совети и проценка на околности важни за постапките. Оваа активност се реализира директно на терен со лични средби помеѓу адвокат, претставник од Ресурсниот центар задолжен за целната група, теренскиот фацилитатор и група од 15-20 директни корисници во проектот.

Првата средба се одржа во Кочани на 14.08.2012 со 18 директни корисници кои добија правна помош и насоки за комплетирање на потребната документација потребна за легализација на нивните домови. Средбата предизвика интерес и од локалните медиуми http://kanal8.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=52&Itemid=40

Во Тетово се одржа средба со 23 подносители на 31.08.2012. Најголем проблем во Тетово е што лицата во имотниот лист се запишани како корисници, а не сопственици. Секој случај беше разгледан поединечно.

На 14.09.2012 во Прилеп се реализираше средба со 29 подносители на барања за легализација во соработка со НРЦ. На сите им беше пружена административно-правна помош. На оваа средба поединечно на секој случај му беше кажано кои документи ќе му бидат потребни за понатамошна процедура за легализација.

На 05.09.2012 беше одржана средба со 20 баратели за легализација од Куманово. Имаше случаи од Средорек кои направиле излагање, имаат геодетски елаборат и прашуваат дали ќе може да се искористи истиот за легализација, чекаат одлука од општината дали нешто ќе има промени во урбанистичкиот план. Сакаат да се праша во општина дали може со едно поднесено барање да се легализираат повеќе објекти.

Инаку, целта на проектот е зголемување на процентот на легализирани домови во Република Македонија, со акцент на ромски домови во 6 општини во Р.М: Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип каде што живее поголем број ромско население, преку правна, административна, финансиска и техничка поддршка за процесот.

[post_gallery]