Датум на објавување: 14.06.2021
Почитувани,
Здружение Национален ромски центар (НРЦ) објавува „Повик за ангажирање на експерт за Техничка помош на вработените за идентификувани потреби во одделот за правна програма и финансии“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1. Општи услови
1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов бр. 11/5, Куманово.
1.2. Предмет на барањето: Техничка помош на вработените според за потребите во одделот за правна програма и финансии.
1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите “ со финансиска поддршка на We Effect.
2. Цели на проектот
- Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите на пазарните системи.
- Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален ромски центар.
2.1. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org
Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на проектот 31.12.2021 година
2.2.Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:
- Завршено високо образование;
- Диплома од високо образование;
- Познавање на високо ниво на англиски јазик потребен за давање на техничка поддршка;
- Да ја познава работата на здруженија на граѓани;
- Минимум 5 годишно работно искуство на давање техничка поддршка на граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации преку пружање на обуки и пишување на целосни проектни апликации со временска рамка, логичка рамка и буџет(за следниве донатори ЕУ, УНДП, UN Women, УСАИД,општини, амбасади и други донатори во земјата);
- Минимум 5 годишно работно искуство на давање техничка поддршка на граѓански организации во јакнење на комуникациските капацитети на организацијата со особен акцент на лобирање, застапување и вмрежување;
- Минимум 5 годишно работно искуство на давање техничка поддршка на граѓански организацииво подобрување на капацитетие за истражување, анализа и финансиско работење;
- Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
- Познавање и пристап до работа на дигитални платформи (Zoom, Microsoft Teams, BlueJeans, и други).
3. Пријава
Понудувачот треба да достави:
- Работна биографија;
- Диплома за завршен факултет (копија);
- Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
- Предлог методологија за работа;
- Примерок од претходна работа за спроведени слични работни задачи во последните 5 години;
- Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
- Понудена бруто цена за ден во денари.
4. Опис на позиција: експерт за техничка помош на вработените за идентификувани потреби во одделот за правна програма и финансии.
Број на позиции:
- (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
- Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)
Времетраење: 20 работни дена во месеците јули-декември 2021 година.
Работни задачи за потребите на проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“
Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со Техничка помош на вработените за идентификувани потреби во одделот за правна програма и финансии. Активноста се имплементира во рамки на проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 20 работни дена во месеците јули-декември 2021 година.
Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“:
- Техничка помош на вработените според нивните идентификувани потреби во одделот за правна програма и финансии;
- Преку методот „learning by doing“ секој вработен поединечно да добие техничка поддршка за изготвување на предлог проектни документи (концепт ноти и/или целосни предлози за проекти зависно од повик и потреба) поврзани со стратешки приоритети на Стратегијата на НРЦ 2021-2023; знаење за спроведување на истражувања и анализи, и финансиско работење со конкретни задачи и практични вежби со цел зајакнување на нивните капацитети и подобрување на нивните перформанси, според нивните идентификувани потреби; а по потреба и зајакнување на капацитет за лобирање, застапување и вмрежување преку подобрување на комуникациските вештини;
- За оваа активност е предвиден ангажман од 20 работни дена (буџетска ставка 4.5.6.3);
- Изработка и достава на извештај на англиски јазик за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
- Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
- Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.
Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплата ќе биде на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 30% по исполнети 10 дена работа од ангажманот и трета рата 40% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот тим.
5. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.
- Работна биографија – 40 поени
- Искуство и квалитет – 40 поени
- Бруто цена за ден – 20 поени
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] најдоцна до 26.06.2021 година до 16:00 часот.